Вардаровата фешта продолжи и на „школка“, ќе се слави долго во ноќта … (Видео)

Вардар ја освои 12-тата титула шампион на Македонија, односно прва по шест години, а славјето од Националната арена, каде беше доделен пехарот, продолжи и во Градскиот парк, на местото кое се нарекува „школка“.

На прославата се фудбалерите, стручниот штаб, раководството на клубот, но и сите оние кои финансиски овозможија Вардар од бездната да се искачи на врвот. Секако, тука се и навивачите и сите оние кои при срце им е најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

- Оглас -

Најнови вести