Варди сам на себе си удри бокс поради промашена шанса, па се „освести“ и даде два гола (Видео)

Некогашниот англиски репрезентативец Џејми Варди е еден од ретките примери за лојалност кој еден клуб. Варди со Лестер играше во втора лига, па го одведе тимот до Премиер лигата, а во 2016 година стана и шампион на Англија.

Потоа повторно следуваше пад во резултатите на Лестер, па тимот испадна од Премиер лигата и сега повторно е дел од Чемпионшип, а Варди остана во екипата. Искусниот 36-годишен голгетер, го предводи Лестер кој враќање во елитната лига, а на вчерашниот меч против Ватфорд повторно беше во прв план.

Најпрво при резултат 0:0, Варди имаше една стоостотна шанса, но промаши празен гол. Во нервоза поради утката, Варди сам на себе си удри бокс во лице. По оваа реакција, Варди како да се „освести“ и во последните 15 минути постигна два гола за триумф од 2:0.

Со оваа победа Лестер е лидер на табелата со 42 бодови од 17 натпревари, што значи дека е на добар пат да се врати во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести