Варди во 90+5 го спаси Лестер од пораз, а донесе радост во Струга од речиси 2.000 евра

Со оглед на резултатите од големиот избор на натпревари во четвртото коло на Лигата на Европа, не можеше да не се издвои добитна комбинација.

Во Струга е погоден тикет со добивка од 119.608 денари со мечеви токму од второто по квалитет континентално натпреварување, благодарение на Џејми Варди и неговиот израмнувачки погодок на 3-3 за Лестер против Брага, кој го реализира длабоко во судиското надополнување.

На тикетот со влог од само 100 денари доминираат „иксови“, обложувачот погоди реми на Ренџерс – Бенфика (2-2), Лил – Милан (1-1), Брага – Лестер (3-3) и Макаби Тел Авив – Вилјареал (1-1).

По завршената потешка мисија, лесно беше да се погодат сигурните победи на Тотенхем, Наполи, Левекузен…

МАЈСТОРИЈА Е ДА ИЗВЛЕЧЕШ „ДУБЛ“ ОД 24 ПАРОВИ

Не мора да се типуваат сите понудени натпревари за да се дојде до голема добивка. Тикетот погоден во уплатно место на Sport Life на Водњанска, докажува дека и со два парови може да се ќари и до 84.000 денари.

Мајторија е како обложувачот го начека прелазот на ПСВ Ајндховен против ПАОК од 3-2. Домаќините беа во негатива од 1-2 по првото полувреме, но холандскиот гигант со два брзи погодоци до 53-тата минута го сврте резултаот во своја корист.

Храбар тип е и ремито на Ренџерс и Бенфика од 2-2, меч во кој обложувачот погоди дека тимот на Џерард ќе биде во предност по првите 45 минути, но ќе нема победник на „Ајброкс стадионот“ во Глазгов.

ПОБЕДИТЕ НА ЧЕЛЗИ И СЕВИЛЈА ВО ФОТО-ФИНИШОТ, ГО ОДРЖАА ВО ЖИВОТ ТИКЕТОТ ВРЕДЕН 3.600 ЕВРА

Лигата на шампионите редовно носи изненадувања, очекувани и неочекувани резултати. Во вторникот за очекување беа триумфите на Челзи и Севилја на гостувањата во Рен, односно Краснодар, но никој не знаеше дека гостите ќе се мачат до самиот финиш.

Жиру погоди за 2-1 во корист на Челзи во првата минута од судиското надополнување, за да биде добитен типот 2-2&GG при квота 4.95. Севилја чекаше дури до 95-тата минута за Ел Хадади да постави идентичен резултат од 2-1, колку што беше потребно за границата 2-3 гола.

Овие резултати го одржаа во живот добитниот тикет од 227.123 денари во Кисела вода, или поточно 3.682 евра.

- Оглас -

Најнови вести