Актуелниот шампион на Националната хокејарска лига во САД, Вашингтон капитолс, со победа од 7-0 над Бостон бруинс стартуваше во новата сезона. Оши и Кузнетсов веќе по еден час и 47 минути постигнаа по еден гол, за да му го донесат најбрзото водство од 2-0 на еден бранител на титулата на премиерен меч од новата сезона.
Хокеарите на Вашинготн, предводени од Александар Овечкин, дури четири пати ја искористија предноста на играч повеќе за да постигнат гол, а недостижното водство од 6-0 го направија уште во втората третина од мечот. Елер во последниот период ги постави конечните 7-0.
Претходно, во првиот натпревар од вечерната програма, Торонто го совлада ривалот Монтреал со 3-2 по продолженија. Гостите први стигнаа до предност преку Леконен, а Торонто преку Метјуз израмни на 1-1 во првата третина. Двете екипи погодија по еднаш и во втората третина, а по оние 0-0 во решавачкиот период, мечот се продолжи за дополнителни шест минути, во кои Торонто стигна до победа со вториот гол на Метјуз на мечот.
Ванкувер на домашен терен беше подобар од Калгари флејмс со 5-2, а четири од петте погодоци ги постигнаа во третата третина, додека Анахејм со идентичен резултат славеше на гостувањето кај „ајкулите“ од Сан Хозе.