Познати се официјалните почетни состави на Академија Пандев и Силекс во пресрет на финалето во Купот на Македонија.
На националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, бранителот на пехарот ќе се обиде да го повтори успехот од 2019 година, но тимот од Кратово има свои верувања дека може да го прекине постот од 24 години без куп-титула.
Александар Васоски и Горан Симов, тренерите на двата финалисти, ги отворија картите и се подготвени да приредат возбудлива битка.