Васоски ја има Бундеслигата на дланка, дебитира во новата сезона со петка вредна 44,16

1803 Ајнтрахт – Келн Сабота, 15.30 часот)

Мојот поранешен тим нанижа пет ремија, ако се смета и мечот против Фенербахче во Европа Лигата, што е нетипично за германски клуб. Тешко е да се каже дека Ајнтрахт е во криза, но факт е дека немаат победа во новата сезона во Бундеслигата и не се радувале на три бода од мај кога во меч од ланското првенство го победија Фрајбург.

За Келн се тешки гостувањата на „Дојче банк арена“ во Франкфурт, па очкеувам и сега да загубат, иако почнаа добро во новата сезона и се пред Ајнтрахт на табелата.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

1806 Баер Леверкузен – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц пријатно изненадува со одличен старт во новата сезона во Бундеслигата, но денеска има тешко гостување на „Бај арена“. Мајнц прими само два гола во првите пет кола, што е извонреден учинок на цвртс тим со одлична одбрана.

Фармацевтите знаат да ја искористат предноста на домашен терен, а имаат и одлична традиција во дуелите со Мајнц.

Баер е во серија од 7 меча без пораз против денешниот ривал и иако има доста кадровски проблеми очекувам да победи. Домаќините играат модерен фудбал и типувам дека ќе имаат предност по првото поувреме и дека ќе победат во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (4.15)

 

1804 Хофенхајм – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Хофанхајм и Волфсбург играат привлечни натпревари со многу голови во последно време и очекувам тој тренд да продолжи и денеска. Гостите се фаворити, но во март годинава потклекнаа и загубија од Хофенхајм со 2:1.

Хофенхајм има четири меча во низа без победа и ќе се обидат да ја сопрат црната серија. Проблем ќе им биде што веројатно нема да играат Дабур и Руди, па Крамариќ и Баумгартнер ќе треба да понесат голем товар во офанзивниот дел.

И Волфсбург не е без проблеми, нема да играат Лукебакио, Валдшмит, Шлагер и Отавио, но Волците се држат одлично со 13 бода на второто место зад Баерн.

Со победа ќе се израмнат на врвот на табелата со најтрофејниот германски клуб и очекувам да тргнат во офазнива од самиот старт на мечот. И Хофенхајм нема што да брани, потребно им е да ја прекинат незгодната серија и очекувам нов ефикасен меѓусебен дуел на двете екипи.

Предлог тип: 3+ (1.72)

 

1805 Лајпциг – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Ме изненади скромниот старт на Лајпциг, екипа што е актуелен вицешампионна Германија. Само една победа во пет кола веројатно не очекуваа и во најцрното сценарио, но денеска имаат шанса да се поправат против ривал што им лежи.

Херта нема ниту едно реми со две победи и три порази во Бундеслигата, но и нема рецепт како да го победи Лајпциг. Тимот од главниот град доаѓа на „Ред Бул арена“ за да ја прекине лошата серија од 7 меча без победа против Лајпциг, но не верувам дека ќе успее.

Домаќините имаат подобар тим и победа против Херта че им донесе многу самодоверба пред мечот со Бриж во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1 (1.48) Супер тип на Sport Life

 

1807 Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Ерлинг Халанд не си замина од Дортмунд и тоа се покажа како исправен потег. Норвежанецот е во феноменална форма и учинок од 7 гола и 4 асистенции во првите пет кола во Бундеслигата е за респект.

Гостите повторно имаат млада, полетна и многу квалитетна екипа. Од Борусија Менхенгладбах очекував повеќе и подобар старт во Бундеслигата.

Тим што има офанзивци од калибарот на Плеа, Штиндл, Емболо…. мора да игра подобро. Проблем им е што не игра Турам, но имаат штоф за подобра позиција од 16-та во Бундеслигата.

Имењаците имаат одлични напаѓачи, знаат да одиграат атрактивно и офанзивно и денеска очекувам многу голови на „Борусија парк“ во Менхенгладбах.

Предлог тип: 4+ (1.90)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести