Васоски со свирежи испратен од „Кошево“, тој објасни зошто неговиот тим загуби (Видео)

Александар Васоски е под притисок во Сараево. Македонскиот стретег денеска беше испратен со свирежи од навивачите по поразот на домашен терен на „Кошево“ од Тузла со 0:1.

Сараево во последните четири кола има два порази и едно реми и само една победа, па бордо тимот сега е се подалеку од позициите кои водат излез во Европа за следната сезона. Сараево е на четвртото место со 39 бодови, дури 7 помалку од третопласираниот Борец од Бања Лука, додека Тузла сега има 49 бодови и е сигурен на второто место.

На пресконференцијата по мечот, Васоски изјави дека гостите победиле со само една создадена шанса и тоа од спорна ситуација.

„Честитки на гостите за победата, а јас не сум задоволен од пристапот на моите фудбалери и од резултатот. Имавме јалова иницијатива и ни фалеше завршниот дел. Тузла даде гол од единствената шанса што ја имаше, а тука имаше и играње со рака. Не знам што треба да се случи за да имаме нормално судење. Не сакам да барам алиби поради поразот, но тоа е факт“, рече Васоски по поразот на Сараево.

- Оглас -

Најнови вести