Вавринка им се умилкува на Бугарите

Трикратниот победник на Гренд слем турнирите и поранешен рекет број 3 во светот, швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка, уште отсега најави дека во февруари очекува поддршка од бугарската публика, кога ќе настапи на „Софија опен 2019“.

Вавринка, кој ќе биде еден од фаворитите на турнирот заедно со домашниот миленик Григор Димитров, со своите фанови сподели дека со нетрпение чека да се врати во главниот град на Бугарија, откако учествуваше на турнирот во Софија и во февруари оваа година.

Вавринка објави слика на која се гледа дека е во Софија, а дел од објавата беше на бугарски јазик. Еве што порача популарниот Стен:

„Спомен од февруари 2018 кога играв во Софија и првпат ја посетив убавата катедрала Александар Невски. Одвај чекам да се вратам за турнирот во февруари, каде што ќе има многу квалитетни играчи. Сигурен сум дека ќе има епски битки на теренот. Се надевам дека во салата ќе дојдат сите мои фанови. Немам трпение до мојата средба во Софија со бугарските пријатели“, напиша Вавринка.

- Оглас -

Најнови вести