Вчера велеше дека не е кукавица да бега, а сега веќе е повеќе од 1.000 километри далеку од Киев

Прославениот романски тренер Мирчеа Луческу вчера кога започнаа воените напади на Русија врз Украина имаше една храбра изјава. Тренерот на Динамо Киев изјави дека не е кукавица да бега од главниот град на Украина, но преку ноќ се предомисли.

„Нема да го напуштам Киев и да се вратам во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека оваа војна која започнаа идиоти, набрзо ќе заврши. Никогаш не верував дека може да се случи ова“, рече Луческу.

Сепак по првичните жестоки напади врз Киев, Луческу се предомисли. Заедно со своите помошници од стручниот штаб избега од Украина. Тие со автомобил возеле преку 1.000 километри и преку Молдавија, вечерва пристигнале во романската престолнина Букурешт.

Луческу добар дел од животот го помина во Украина. Од 2004 до 2016 година беше тренер на Шахтар Донецк, а од 2020 година седна на клупата на големиот ривал Динамо Киев.

- Оглас -

Најнови вести