Вчерашните типстерски совети беа „полн погодок“

Ова е еден од поубавите денови кога можеме да се пофалиме со добитна комбинација на Типстерски совети. Предлог-тикетот составен од пет фудбалски мечеви, од кои три беа во квалификациското коло во Лигата на шампионите, како и две средби во Шампионат лигата, втората англиска лига.

Првиот на листата совети беше дуелот меѓу Динамо Загреб и Розенборг, кој заврши во корист на Модрите со 2-0, а нашиот предлог беше дека Динамо ќе победи и ќе се постигнат од два до четири гола. Типот 1 & 2-4 носеше квота од 2.60.

Олимпијакос со убедливи 4-0 славеше против Краснодар, а ние очекувавме триумф на домаќините или евентуално реми, во кое ќе има два или повеќе погодоци. Квотата на 1X & 2+ беше 1.80.

Третиот меч од ЛШ, дуелот меѓу Јанг бојс  и Црвена ѕвезда заврши со конечен исход од 2-2. Двете екипи постигнаа по еден гол во двете полувремиња и со тоа нашиот предлог се покажа како точен. Коефициентот на 1-3I & 1-3II беше 2.10.

Лидс јунајтед запиша минимален триумф од 1-0 против Брентфорд, меч кој се очекуваше дека ќе има мал број погодоци. Токму така и типувавме, 0-2 гола носеше квота од 2.20. За да бидат добитни Типстерските совети, „чист кец“  излезе дуелот меѓу Фулам и Милвол, кој заврши со убедливи 4-0 за домаќините и носеше квота од 1.70.

УБАВ НАЧИН ДА СЕ ВОЗВРАТИ ЗА ВЕРНОСТА НА НАШИТЕ РЕДОВНИ ЧИТАТЕЛИ И ОБЛОЖУВАЧИ

За потврда дека се исплати да се направи тикет според нашите предлози, утринава до нашата редакција стигна добитниот тикет на наш редовен читател и обложувач во Sport Life од Гостивар. Бладорадиме на довербата, следете и читајте СПОРТМАНИЈА, а и за денес очекувајте нови предлози кои ќе се објават околу пладне.

 

- Оглас -

Најнови вести