Евертон го почести петтолигашот со супер гест, „Дрвените“ сакаат и подароци и историски подвиг

Раководството на Евертон им приреди супер гест на фудбалерите на Борем вуд, денешните гости од Националната лига, што е петти по ранг систем на натпреварување во Англија, и им подарија комплетна гарнитура на дресови и им ги платија трошоците за патување и едно ноќевање во Ливерпул.

Борем вуд од 21.15 часот ќе игра на „Гудисон парк“ за подвиг, историја и прв пласман во четвртфинале на ФА купот, но фаворитот се знае, тоа е премиерлигашот Евертон.

„Апсолутно, потегот на Евертон ја покажува нивната класа. Им благодариме, но на терен ќе се обидеме да ги победиме. За нас ова е историја и се надевам дека ќе ја продолжиме барем за уште една фаза во ФА купот“, изјави Лук Гарард, менаџерот на Борем вуд.

Досега најголем успех на петтолигашот во ФА купот е пласманот во третото коло, а сега се веќе во петтата рунда, односно во осминафиналето.

Интересно е што Евертон на своите вечерашни гости им подари гарнитура дресови „Пума“ со црна боја, а во Националната лига, каде што игра Борем вуд, забрането е да се носат дресови со таа боја заради судиите, кои имаат опрема со црна боја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести