Вечерва се виде зошто Реал во јануари треба да донесе нов дефанзивец (Видео)

Реал Мадрид се мачи на гостувањето кај Алавес, а проблемите се зголемуваат откако Кралскиот клуб речиси цело второ полувреме ќе го игра со човек помалку на теренот.

Капитенот Начо имаше еден груб и невнимателен старт, по кој доби црвен картон откако судијата прегледа снимка.

За Начо ова е второ исклучување сезонава, по она непотребно на гостувањето кај Жирона, кога направи груб фаул во 94-тата минута при водство на неговиот тим од 3-0.

Ова значи дека на првите два меча во Ла Лига во 2024 година, Реал може да смета само на Антонио Ридигер како централен дефанзивец бидејќи останатите се или повредени или суспендирани. По ова вечерва, веројатно во Реал им стана јасно дека на повеќе фронтови не може да се игра само со двајца стопери во составот.

- Оглас -

Најнови вести