Вечерва суди во Лигата на шампионите, а за викенд ќе биде делител на правдата во Втората српска лига

Српскиот судија Срѓан Јовановиќ вечерва е главен на дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Интер и Порто. За Јовановиќ ова ќе биде 11-ти меч во најсилното клупско натпреварување, а УЕФА има голема доверба во овој арбитер.

Сепак, интересно е дека Јовановиќ, кој ќе биде делител на правдата на „Џузепе Меаца“, следниот викенд ќе биде судија на меч од Втората српска лига меѓу Графичар од Белград и Железничар од Панчево.

Ова е меч меѓу вториот и третиот на табелата, кој може многу да одлучи, па затоа беше решено Јовановиќ да биде судија на овој значаен дуел од Втората српска лига.

- Оглас -

Најнови вести