Веќе нема дилеми, Надал кажа кога ќе ја заврши кариерата

Освојувачот на 22 гранслем-титули, Рафаел Надал, откри една многу важна вест околу неговата професионална иднина. Шпанецот, кој веќе има 37 години, одлучил дека ќе стави крај на активното играње по завршувањето на оваа сезона.

„Ова ќе ми биде последна година во тенисот. Ќе играм дури и ако не сум 100 отсто подготен на некои од турнирите. Точниот момент за повлекување ќе го соопштам пред настапот на Ролан Гарос“, вели Надал, кој на турнирот во Париз има дури 14 трофеи, но свесен е дека тешко ќе може да го повтори тој успех и оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести