Веќе нема спас за Шалке, нареди 29 меча без победа!

Шалке 04 го смени тренерот и го доведе Хуп Стевенс, но навиките на тимот не се променија. Тимот од Гелзенкирхен загуби на свој терен од Арминија Билефелд со 0:1 и на тој начин продолжи една неверојатна неславна серија. Шалке веќе 29 меча по ред во Бундеслигата нема победа!

Во тековниот шампионат, Шалке во 13 мечеви досега освои само четири бода, а има и девет порази. Ако се дададат и последните 16 средби од ланското првенство на кои Шалке не победи, се стигнува до неверојатната бројка од 29 средби без победа.

Последен пат Шалке славел на 17 јануари годинава, што значи дека цели 11 месеци тимот од Гелзенкирхен не знае за радост во првенството.

Лајпциг дома беше голем фаворит против Келн, но на крајот дуелот заврши без погодоци. Хофенхајм со пресврт во второто полувреме стигна до победа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. На домашен терен беа поразени и Мајнц со 0:1 од Вердер, додека Ајнтрахт со 2:0 се радуваше на гости кај Аугзбург.

 

- Оглас -

Најнови вести