Веќе ни ВАР-системот не знае што е офсајд, а што не е (Видео)

Конфузна завршница имаше дуелот меѓу Тунис и Франција, а на крајот африканската селекција се радуваше на победа од 1:0. Франција даде гол за 1:1, и тоа преку Гризман во 99-тата минута, а потоа судијата отсвири крај на мечот.

Сепак, на крајот средбата не заврши нерешено затоа што судиите од ВАР-собата советуваа дека Гризман бил во офсајд при акцијата за постигнување на голот за нерешено.

Сепак, со оваа одлука не може да се согласи селекторот на Франција, Дидие Дешамп, кој беше зачуден зошто погодокот е поништен.

„Не знам зошто е поништен голот за израмнување. Тоа на крајот траеше премногу долго“, рече Дешамп.

Оваа изјава на Дешамп е поради фактот дека Гризман беше во офсајд кога беше топката упатена во шеснаесетникот, но тој остана мирен и воопшто не реагираше на таа топка, што значи дека не беше дел од акцијата.

Откако топката беше удрена со глава од противнички играч, автоматски се активира нова акција, а тогаш Гризман стигна до топката и даде гол. Во таква ситуација тоа треба да е регуларен погодок, но судиите од ВАР-собата го поништија погодокот на Гризман.

ВАР-судиите едноставно не го испочитуваа правилото кое вели дека со започнување на нова акција, претходната пасивна офсајд позиција не може да се активира и дека погодокот на Гризман всушност требало да биде признат.

- Оглас -

Најнови вести