Веќе се издвоија пет сигурици во последното коло

Финишот на шестата сезона од Спортска прогноза е пред нас. Во тек е последното коло во кое веќе се издвоија пет натпревари на кои прогнозерите со голема сигурност од над 70 отсто очекуваат победа на еден од тимовите.

Новиот италијански првак Интер на свој терен ќе игра против Лацио и најголем дел од прогнозерите очекуваат Нераѕурите да освојат нови три бода за да се потврди доминацијата.

Во Серија А со 70 отсто шанси да победи, барем според прогнозерите, има и Монца против Фрозиноне, како и Сасуоло во дуелот со Калјари. Меѓу сигуриците се и победите на Вердер против Бохум, како и триумф на Унион Берлин против Фрајбург, двете во Бундеслигата.

Тука се уште осум други средби од Топ 5 лигите во Европа на кои треба да се погоди вистинскиот фикс. Стандардно и во ова последно коло главна цел е да се погоди Среќна 13-ка. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12-ка се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести