Велемајстор е Ферстапен – Се лизгаше на песокот во Барселона, му откажа важен систем на болидот и пак победи

Макс Ферстапен ги прегрме сите можни искушенија во Барселона на Големата награда на Шпанија и успеа да победи во една од најтешките трки за него во кариерата.

Холанѓанецот се мачеше од стартот со проблеми, а многу брзо се најде на песокот крај патеката, откако излета со болидот во четвртиот круг.

Успеа да се врати и полека да се пробива кон врвот, а потоа се појавија и технички проблеми со мошне важниот ДРС систем за забрзување.

Среќата му се насмевна на Холанѓанецот во 22. круг, кога водечкиот Шарл Леклер, кој му е најголем ривал за титулата во Формула 1 мораше да се откаже.

На болидот на Ферари што го вози Леклер му откажа моторот и тој принудно ја напушти патеката во Барселона, без шанси да продолжи.

Ферстапен полека, но сигурно ги минуваше ривалите и на 20-на круга до крајот на трката изби на првото место и победи.

Шпанецот Перес е втор на интересната трка во Барселона, а на подиумот имаше место и за Џорџ Расел.

- Оглас -

Најнови вести