Велемајсторскиот лоб на Кучта не беше доволен за изненадување, Грузијците ја торпедираа Бугарија (видео)

Чешка и Шпанија ремизираа при конечни 2-2 за поделба на бодовите во мечот од второто коло во Лигата на нациите. Црвената фурија се спасуваше во последните моменти, Ињиго Мартинес погоди во 90-тата минута за гостите да останат непоразени.

Песек ја отвори средбата во Прага уште во воведните четири минути, за потоа Гави да измрани на 1-1, а голот го направи најмлад стрелец во историјата на шпанската селекција.

Фантастичниот лоб на Јан Кучта по нешто повеќе од еден час игра требаше да биде решавачки, но Фуријата не се даде до последен момент.

Во вториот меч од истата група, Португалија беше немилосрдна кон Швајцарија и славеше со 4-0 на домашен терен. Роналдо беше двоен стрелец, заби и трет гол кој му беше поништен поради офсајд, а за конечниот резултат стрелаа уште Вилијам и Кансело.

Во Разград вечерва играа два од трите противници на Македонија од групата 4, каде што се гледаше голеада и огромен триумф на Грузија од 5-2 над Бугарија.

Останати резултати:

Србија 4-1 Словенија, Шведска 1-2 Норвешка, Косово 0-1 Грција.

- Оглас -

Најнови вести