Фуријата го доби најмладиот стрелец во својата историја (видео)

Супер талентот на Барселона, тинејџерот Гави, од вечерва е рекордер во шпанската репрезентација како најмлад стрелец во нивната историја.

Со само 17 години и 304 дена, Гави го запиша своето име во рекодните книги на шпанскиот фудбал, реализирајќи го својот прв гол во националниот дрес во осмиот негов настап за Црвената фурија.

Неговиот гол донесе израмнување за Шпанија на 1-1 на гостувањето кај Чешка, но во овие моменти домаќините одново се во водство, овојпат со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести