Вембањама издоминира против Леброн и друштвото, па му исполни и желба на противничкиот тренер (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио спарс го победија Лос Анџелес лејкерс на гостински терен со 126-102, и тоа откако средината на третата четвртина губеа со двоцифрена разлика.

Резултатот беше 84-74 во корист на ЛА лејкерс во третата четвртина, по што Виктор Вембањама ги презеде работите во свои раце, целосно доминираше над Ентони Дејвис и ги одведе Спарс до победата.

Каков натпревар одигра францускиот репрезентативец најдобро говори потегот на тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, кој по завршувањето на натпреварот му пријде на Вембањама и го замоли да ги поздрави неговите деца, што младата НБА ѕвезда и го направи.

Вембањама постигна 23 поени, осум скокови и пет асистенции. Ист број на поени постигнаа и Касл и Васел. Касл додаде четири скокови, а Васел шест скокови и четири асистенции. Барнс го заврши натпреварот со 17 поени, четири скокови и три асистенции, додека Пол придонесе со 13 поени, десет асистенции и два скока. Џонсон беше уште еден играч со двоцифрен ефект, постигнувајќи десет поени, три асистенции и два скока.

Кај ЛА лејкерс, најдобар беше Ентони Дејвис со 30 поени, 13 скокови и две асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 18 поени, осум асистенции и пет скокови. Ривс го заврши натпреварот со 12 поени, осум асистенции и пет скокови, а Кристи постигна десет поени.

Резултати: Вашингтон – Минесота 106-120, Њујорк – Детроит 119-124, Торонто – Голден Стејт 104-101, Хјустон – Мемфис 120-118, ЛА клиперс – Мајами 109-98, ЛА лејкерс – Сан Антонио 102-126.

- Оглас -

Најнови вести