Венеција по само една година во Серија Б, се врати во највисокото ниво на натпреварување во Италија.

Денеска во Серија Б се одиграа натпреварите од претпоследното 37-мо коло, а лидерот Венеција одигра нерешено 2-2 против Специја и тоа беше доволно за камбек во Серија А.
Директен пласман во Серија А ќе освојат двата првопласирани тима, а со денешниот триумф над Јуве Стабија на гостински терен од 1-0, вториот Фрозиноне има три пред третата Монца. Само во случај Монца да го победи Емполи во последното коло, а Фрозиноне да загуби дома од Мантова, можно е Фрозиноне да падне на третото место, бидејќи има полош резултат во меѓусебните натпревари од Монца. Во сите други опции, Фрозиноне останува втор и ќе ѝ се придружи на Венеција во Серија А.

