Венгер бара промени: СП и ЕП на секои две години

Арсен Венгер, оперативецот во ФИФА, има револуционерен план кој би можел да биде во полза големите фудбалски ѕвезди кои сонуваат успеси на репрезентативно ниво, а би одело на штета на новоформираното натпреварување Лигата на Нации.

Според Венгер, Светските и Европските првенства би требало да се играат на секои две години, наместо на секои четири години, па така најдобрите фудбалерите да имаат поголеми шанси да бидат светски или европски прваци. Со евентуално поместување на двете големи првенства, би се загубило значењето на Лигата на нации, турнир кој би бил отстранет од натпреварувачкиот календар.

Воедно, Венгер има план и како да ги намали репрезентативните циклуси, што на клубовите би им се допаднало бидејќи така ќе се намали бројот на паузи во текот на една сезона.

„Доколку ги погледнете екипите на Светските првенства, просекот на старост на играчите е 27-28 години. Ако во тие години не успеете да освоите титула, тешко дека ќе имате нова шанса бидејќи за четири години би биле постари. Поради тоа би требало да се играат СП и ЕП на секои две години, а сите останати натпреварувања да се отстранат, како на пример Лигата на нациите. Исто така, логично решение ќе биде да се скратат репрезентативните прозорци, односно квалификациите да се играат во октомври и февруари со повеќе натпревари. Кога би се отстраниле циклусите во септември, ноември, март и јуни, клубовите би биле посреќни“, посочи Венгер за „Бе-Ин спорт“.

- Оглас -

Најнови вести