Венгер ќе добие статуа пред „Емирати“, навивачите се прашуваат дали и на неа ќе има проблеми со патентот

Управата на Арсенал има намера да му се оддолжи на Венгер за дводецениското водење на Топчиите така што ќе му подигне статуа пред стадионот Емирати, пишува „Телеграф“.

Венгер во 2018 година си замина од клупата на Арсенал, на која седеше цели 22 години, а во понеделникот за првпат се појави на трибините на Емирати за во живо да го гледа својот тим.

Венгер доби овации од навивачите, кои не заборавија дека Французинот им донесе три титули во Премиер лигата, а една од нив е остварена без пораз во сезоната.
Поради тоа, Арсенал ќе му се оддолжи на Венгер така што ќе постави негова статуа пред стадиодот „Емирати“, каде што веќе се наоѓаат статуите на Тиери Анри, Тони Адамс и Денис Бергкамп.

https://twitter.com/brfootball/status/1607831922675453952?s=20&t=x0gnUZ4Zp1aLkZfV1b77vQ

Интересно е што откако се појави веста за статуата, навивачите на Арсенал на социјалните мрежи се шегуваат и ја прашуваат управата дали мотивот на статуата ќе бидат проблемите на Венгер со закопчувањето на патентот на јакните, што често ги имаше додека седеше на клупата на Топчиите.

https://twitter.com/i/status/1064527261636923392

- Оглас -

Најнови вести