Венгер негира дека е пред добивање работа во Пари Сен Жермен

Некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, ги отфрли шпекулациите дека е пред договор со Пари Сен Жермен. Името на Венгер се спомнува како можен спортски директор на парискиот клуб, но тој вели дека информациите не се точни.

„Некои новинари сакаат да се опуштат пред Божик. Нема ништо точно во тие пишувања, апсолутно ништо“, категоричен е Венгер, кој работи за ФИФА и таму е раководител на одделот за развој на светскиот фудбал.

Французинот е еден од луѓето кои силно ја поддржуваат идејата за светски првенства на секои две години.

- Оглас -

Најнови вести