Венгер: Тотенхем може да ја освои титулата во Премиер лигата

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, смета дека актуелниот лидер на табелата во Премиер лигата, Тотенхем, ќе биде еден од најсериозните конкуренти за титулата.

„Секогаш го зборувам тоа што го мислам. Искрено верувам дека Тотенхем ќе биде еден од најсериозните конкуренти за титулата и има добри шанси на крајот и да го крене шампионскиот пехар. Во летниот преоден рок го купија Џејмс Медисон, кој е одличен фудбалер и кој донесе креативност во играта. Го донесоа и Мики Ван де Вен, кој според мене, е фантастичен. Исто така менувањето на позицијата на Сон се покажува како одличен потег. Менаџерот Постекоглу засега прави одлична работа“, изјави Венгер.

Тотенхем по десет кола, е лидер на табелата со 26 освоени бода, два повеќе од Арсенал и Манчестер сити. Тотенхем заедно со Арсенал се и единствените екипи кои сè уште немаат пораз во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести