Легендарниот француски стратег Арсен Венгер се најавува како следен тренер на Милан. Според најавите, некогашниот легендарен менаџер на Арсенал во многу брзо време ќе биде назначен за наследник на Џенаро Гатузо. Малку е чудно што најавите за смена на Гатузо доаѓаат во време кога „росонерите“ наредија три победи во низа, но очигледно дека ова со Венгер е договорено многу порано.
Шпекулациите велат дека Венгер веќе има на радар и прво големо засилување за Милан. Французинот сака на „Сан Сиро“ да го врати Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот голгетер две сезони го носеше „црвено-црниот“ дрес на Милан и во тоа време се радуваше на трофеј во Серија А и на Суперкупот на Италија.
Ибрахимовиќ е член на Лос Анџелес галакси, клубот кој во последното коло не успеа да се избори за влез во плејофот во МЛС-шампионатот на САД.