Вердер со голови ја брани серијата 10

Александар Васоски типува дека мртвата трка за титулата во Бундеслигата ќе продолжи и по 27. коло и очекува победи на Борусија Дортмунд и на Баерн и тоа со предност на двете екипи на полувремето во дуелите со Волфсбург, односно Фрајбург.

Тренерот на Вардар подготви нов тикет во Sport Life со пет двојки и анализа за секој од мечевите.

 

Борусија Дортмунд – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Борусија ја надмина кризата и со победата во Берлин против Херта потврди дека докрај ќе се бори за титулата со шампионот Баерн Минхен.

Иако Волфсбург сезонава игра одлично на гости и бие битка за позициите кои водат во Лигата на шампионите сепак според мене нема шанси за подвиг денеска.

Ќе типувам победа на домаќините со предност и на полувреме и со најмалку три погодоци на мечот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.80)

 

Фортуна Диселдорф – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Гостите се многу поквалитетни според мене и ќе победат, а ќе типувам и двојка со тим 2. Најдобриот стрелец на домаќините Доди Лукебакио, кој е хит во Бундеслигата и еден од најзаслужните што Фортуна е во безбедната зона, денеска нема да игра поради жолти картони и тоа ќе биде голем хендикеп.

Фортуна има уште неколку фудбалери кои се надвор од строј и тешко ќе успее да се справи со тимот од Менхенгладбах, кој се бори да остане на четвртата позиција за настап во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 2&Т2 (2.45)

 

Нирнберг – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Ова е веројатно последна шанса за Нирнберг, ако воопшто ја има, да фати приклучок во борбата за опстанок во Бундеслигата. Очекувам тврд меч со малку голови.

И Аугсбург со 25 бодови, или само пет повеќе од Штутгарт не е безбеден и се уште стравува од испаѓање, па очекувам претпазлива игра од двете страни. Бодовите од овој меч ќе бидат драгоцени и за двете екипи и затоа ќе типувам од 0-2 голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.83)

 

Фрајбург – Баерн Минхен (Сабота, 15.30 часот)

Баерн има само една цел, да ја одбрани титулата во Бундеслигата и да се рехабилитира за неуспехот во Лигата на шампионите. Баварците очекуваа многу повеќе во елитното европско клупско натпреварување, но не успеаја против Ливерпул, па сега домашната титула би била мелем на раната.

Фрајбург успеа да го изненади Баерн со реми 1:1 во првиот дел од шампионатот и тоа како гостин, но денеска нема шанси за подвиг. Очекувам лесна победа на шампионот и продолжување на мртвата трка со Борусија Дортмунд.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.18)

 

Вердер – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Вердер е во опасен налет и нема пораз во 2019 година во Бундеслигата. Девет меча без пораз во германско првенство не е мала работа. Во таа серија треба да се додаде и елиминацијата на Борусија Дортмунд во купот, што значи дека тимот од Бремен е во топ-форма и е фаворит за победа против Мајнц.

Можеби мала задршка за да се одигра чиста единица во Бремен е мечот од четвртфиналето што ги чека на домашен терен против Хофенхајм на трети април.

Но, во Германија нема калкулирање и очекувам нова офанзивна партија на Вердер и голови на дуелот со Мајнц.

Предлог тип: 3+ (1.77) Супер тип Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести