Дводелните пижами во кои се фотографираше вереницата на португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо, Георгина Родригес, чинат дури 2.700 евра. За Роналдо, кој во Јувентус месечно заработува неколку милиони, и не му е проблем својата сакана да ја почести со пижами за кои може да купи и постар автомобил.
Роналдо во Јуве зема 4,7 милиони евра месечно, познат е како голем потрошувач на пари, па веројатно не гледа ништо лошо што девојката со која планира да стапи во брак спие во скапоцени пижами од луксузниот бренд Луј Витон.
Овие кафеави пижами се од најновата колекција на парискиот бренд. Само долниот дел чини 1.300 евра, додека за горниот дел, кој е кошула за спиење, треба да се издвојат 1.400 евра.