Вернер: Да не беше ВАР, ќе дадев пет гола повеќе

Напаѓачот на германската репрезентација, Тимо Вернер, вели дека ВАР технологијата го спречила да има подобар голгетерски биланс во дресот на Челзи. Вернер сезонава честопати ги нервираше фановите на Сините поради својата неефикасност, а оправдување бара во повторените видео снимки кои ги наоаѓаа минималните офсајди.

„Без ВАР, ќе дадев пет гола повеќе. Видео технологијата е корисна и нејзиниот концепт е добар, но јас сум еден од играчите кои најмногу страдаа поради ВАР во оваа сезона. Слушнав дека во Премиерлигата планираат линијата за офсајд на ВАР да биде потенка, и тоа можеби е добро за мене“ – рече Вернер.

Вернер од Лајпциг прејде во Челзи во скап трансфер, но за лондонските Сини даде само 12 гола во сите натпреварувања, а имаше бројни утки на чисти шанси, поради кои фановите се шегуваа со него.

- Оглас -

Најнови вести