Тимо Вернер и натаму не знае каде ќе ја продолжи кариерата, но голгетерот во Лајпциг дефинитивно не планира да остане во Бундеслигата. За него има интерес од неколку европски гиганти меѓу кои е и Баерн Минхен, но германскиот репрезентативец посочи дека сака да игра во странство, па така со самата изјава им даде корпа на Баварците.
„Баерн е голем клуб, Ханси се покажа како одличен тренер. Сепак, ако менувам клуб би сакал да играм некаде во странство. Повеќе ми одговара предизвикот да играм во друга лига отколку да останам во Бундеслигата“, истакна Вернер.
Брзоногиот голгетер на Црвените бикови има договор со клубот до 2021 година и клаузула од 60 милиони евра, а веќе извесен период се поврзува дека е најблиску до трансфер во редовите на Ливерпул.