Вернер не доби дополнителен тренинг, Тухел го испрати дома

Тимо Вернер побарал да има дополнителен шутерски тренинг денеска, на еден ден пред мечот со Вест Бромвич Албион, но тренерот на Челзи Томас Тухел го испратил дома.

„Не му дозволив, бидејќи знам дека е одличен напаѓач и стрелец, кој само моментно е во криза. Се е до самодовербата, а очекувам Тимо брзо да е врати во топ-форма“, изјави Тухел.

Начинот на кој му го објаснил сето тоа на Вернер е интересен. „Му реков дека не треба да се плаши и головите ќе дојдат наскоро. Ако сопругата не сака со тебе на вечера, не ножеш да ја присилиш. Тргни се од неа и таа сама ќе дојде“, објаснува Тухел.

Вернер е постојано на мета на критиките и во Челзи и во националниот тим на Германија. За лондонскиот клуб, кој плати околу 60 милиони евра при трансферот од Лајпциг постигна само пет гола, а тоа што го промаши против Македонија во Дуизбург се граничи со невозможното.

При резултат 1:1, Вернер беше сам пред Столе Димитриевски и утна чист зицер за наша среќа, а потоа Елиф Елмас со победнички гол во финишшот ги нокаутира Германците.

 

- Оглас -

Најнови вести