Вардар вечерва гостува во Германија кај Кил, во меч на кој македонскиот првак е апсолутен аутсајдер. Црвено-црните наредија пет порази во низа во Лигата на шампионите и речиси неверојатно е дека оваа лоша серија ќе биде стопирана денеска.
Кил е тим кој претендира за првото место во групата и сигурно нема да сака да дозволи кикс дома, посебно ако се знае дека Германците пред малку повеќе од еден месец го победија Вардар, и тоа во Скопје со 29:26. Тоа беше петта победа во низа за Кил во дуелите со македонскиот првак.
Квотите во Sport Life велат дека Кил е огромен фаворит и дури се очекува победа на домаќините со седум гола разлика.
Вечерва се играат уште три меча од Лигата на шампионите и сите ги има во понудата за обложување.