Ерлинг Браут Халанд, фудбалерот на Борусија Дортмунд, сезонава се прославува со голови во Лигата на шампионите, стана прв тинејџер со двоцифрен број голови во една сезона во ЛШ, а неверојатен е податокот дека тој држи и еден светски рекорд во атлетика.
Халанд е светски рекордер во скок во далечина, во конкуренција на деца до 5 години. Халанд на 22 јануари 2006 година скокна 163 сантиметри и тоа уште е важечки светски рекорд за деца до пет години.
Дека има талент за атлетика, тој покажа и синоќа, кога 60 метри ги истрча за 30 стотинки побавно од светскиот рекорд, а само 9 стотинки послабо од норвешкиот рекорд во оваа дисциплина која се трча на натпревари во сала. Халанд тренирал и ракомет и скијање, освен добар атлетичар, бил и добар ракометар, но се определи за фудбалот, а сестраноста му помага да биде одличен на фудбалските терени.