Едноставно е незадржлив: Халанд ќе го срушеше и светскиот рекорд на 60 метри (Видео)

Чудесниот Ерлинг Халанд со два гола ѝ донесе победа на Борусија Дортмунд против Пари Сен Жермен (2:1) во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. За тоа колку Халанд е незадржлив, не зборуваат само погодоците, туку и неговата физичка подготвеност.

Во првото полувреме Халанд направи неверојатен спринт, на кој може да му позавидат и професионалните атлетичари. Тинејџерот беше пред својот гол кога ПСЖ изведе корнер. Токму Халанд со глава ја расчисти опасноста, а потоа Борусија тргна во контранапад. Халанд веднаш се трансформираше од одбрана во напад и направи неверојатен спринт. За малку повеќе од 10 секунди тој успеа да го помине речиси целиот терен.

Посебно фасцинира неговото време измерено на 60 метри трчање. Халанд успеал да помине 60 метри само за 6,64 секунди, што е многу блиску до светскиот рекорд во атлетика. Најдоброто време во светски рамки на 60 метри го држи американскиот спринтер Кристијан Колман со време од 6,34 секунди.

https://twitter.com/i/status/1229879069598273536

 

- Оглас -

Најнови вести