Верувале или не, Новицки и Дончиќ го посрамотија НБА првакот (Видео)

Голден Стејт вориорс кој е бранител на титулата во НБА лигата, за 18 дена си дозволи два тешки порази на домашен терен, и два порази од најслабите екипи на Западот, што е сигнал дека тимот не е во потребната форма пред плејофот.

Далас маверикс славеше со 35 разлика во „Оракл арената“, оставајќи ги во шок домашните фанови. Ова е најтежок пораз сезонава за Вориорс и нивен најголем дебакл на свој терен откако на клупата им е тренерот Стив Кер. Можеби мало оправдување е неиграњето на Стеф Кари, Шон Ливингстон и Ендрју Богут, но дефинитивно нешто не е во ред. Пред 18 дена, Бостон славеше во истата сала со 33 разлика, а пред 13 дена, „воините“ беа поразени од слабиот Феникс. Без Кари, Вориорс е тим кој има ист број на победи и порази.

Ветеранот Дирк Новицки даде 21 поен (негов сезонски рекорд), и со пет тројки беше предводник на „дивите телиња“. Лука Дончиќ го направи шестиот трипл-дабл во НБА. Далас даде 21 тројка, а Вориорс само 4. После поразот, Голден стејт го загуби првото место на Западот и сега нов лидер е Денвер нагетс. Маверикс губеше на претходните 12 гостувања во Оукленд, но оваа победа ќе ја паметат.

РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Мајами 108-113, Атланта – Филаделфија 129-127, Чикаго – Јута 83-114, Мемфис – Минесота 99-112, Голден Стејт – Далас 91-126, Портланд – Детроит 117-112, Сакраменто – Феникс 112-103.

Погледнете дел од акциите на европските ѕвезди:

 

- Оглас -

Најнови вести