На ракометната репрезентација на Македонија ѝ е потребен што е можно поубедлив триумф над Романија, но и помош од Данска за пласман во следната фаза од Европското првенство во Хернинг.
Нашите ракометари се големи фаворити според квотите во Sport Life, па така наш триумф има квота од 1.13, а за реми и пораз не сакаме ниту да размислуваме.
Меѓу големиот број на игри во понудата на Sport Life е и опцијата со колку гола би победила Македонија, а квотите се фантастични. Триумф со 10, 11 или 12 разлика има квота од 6.00. Уште поголема разлика од 13, 14, 15 или 16 разлика има квота од 8.00, додека 17+ разлика има фантастична квота од 20.00.
Може да се одигра и на „плус-минус“ голови за ракометарите, а по рекордните 15 гола против Португалија, Филип Кузмановски сега има граница од 6,5 гола. Од нашите ракометари во понудата се и Митев, Серафимов и Велковски.



