И покрај поразот вечерва од Барселона, ќе донирам 16 илајди долари. 86+74 =16.000, напиша Јан Весели на својот Твитер профил.
Весели вети и пред мечот дека без разлика на исходот во Истанбул, во кој неговиот Фенербахче загуби со 74:80 од Барселона ќе донира по 100 долари за секој поен. За да биде заокружена сума чешкиот репрезентативец ќе уплати на сметка за помош на Австралија точно 16 илјади долари.
Вечерва тој постигна 7 поени со 6 скока за нешто повеќе од 18 минути игра, а Фенер не успеа да ја победи Барселона. Потегот на Весели е одличен и покажа дека Чехот е голем и во поразите.