Вештачката интелигенција ги одреди најдобрите 11-мина на сите времиња (Фото)

Вештачката интелигенција преку Chat GPT може да Ви даде одговори на прашања. Корисниците често ја користат, но сега ја запрашаа кои се најдобрите 11-мина на сите времиња. Одговорот беше: „Изборот на најдобрите на сите времиња зависи од субјективните гледишта, периодот во кој играчите играле и влијанието во фудбалот.“

Најдобрата постава според Chat GPT е следнава: Јав Јашин, Кафу, Бекенбауер, Малдини, Роберто Карлос, Зидан, Марадона, Пеле, Меси, Кристијано Роналдо, Роналдо.

„Овој состав има легендарни и најталентирани фудбалери кои некогаш играле фудбал. Имаат освоено многу индивидуални награди и им помогнале на своите екипи да освојуваат титули. Сепак, конечната одлука за најдобриот фудбалски состав на сите времиња ќе биде донесена врз основа на индивидуалните мислења и на неа може да влијаат многу фактори“, стои во одговорот на вештачката интелигенција.

- Оглас -

Најнови вести