Поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер од средниот ред на Интер и на Реал Мадрид, Весли Снајдер, објави дека има намера да започне тренерска кариера.
„Имам само 40 години и многу време пред мене. Сè уште не сум започнал со курсот, само е дел од моите планови. Навистина имам намера да започнам тренерска кариера, но сè уште имам лични проблеми кои ми пречат да го започнам тоа“, изјави Весли Снајдер за холандските медиуми.
Играчот од средниот ред стави крај на својата кариера во август 2019 година. Освен за Интер и за Реал Мадрид, Снајдер има играно и за Ајакс, Галатасарај, Ница и за Ал-Гарафа.