Веспрем е убедлив во првиот дел, но Вардар нема да се предаде

Веспрем на полувремето има предност од 15:12 против актуелниот првак Вардар во деветтото финале на СЕХА-лигата. Унгарскиот гигант енергично ја отвори средбата и влезе во серија од 3-0 пред Вардар да го постигне првиот гол на средбата по пет минути игра.

По вториот гол на Лекаи, со кој Веспрем поведе со 5-1 во првите 8 минути, Алушовски беше принуден да повика тајмаут и да ги консолидира своите ракометари. На половина до крајот на првото полувреме, Јагуриновски намали на 5-7, но од тој момент Веспрем повторно влезе во ритам и дојде до највисоки +6, но Вардар успеа да намали на 15:12.

Првиот дел од финалето во СЕХА-лигата, кое се игра во Задар, наликува на ланското финале во Лигата на шампионите, во кое Веспрем водеше со +5 на полувремето, а на крајот Црвено-црните се радуваа на втората европска титула.

 

- Оглас -

Најнови вести