Веспрем ја изненади моќната Барселона, Митревски донесе победа на Порто

Ракометарите на Веспрем приредија изненадување во шестото коло од Лигата на шампионите со победата над Барселона од 41:36, и тоа на гости.

Пешмалбек и Фабрегас со по седум, Дера со шест, како и Касадо и Косоротов со по пет постигнати гола беа најзаслужни за победата на унгарскиот тим. Кај Барселона се истакнаа Французите Мем и Нгесан со по седум постигнати гола.

Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски, е најзаслужен за победата на неговиот Порто од 32:31 против ГОГ Гудме иако по првото полувреме губеше со 15:21. Митревски блескаше на голот на Порто во второто полувреме бранејќи дури 13 удари, а голот за победа го постигна Фабио Магаљаеш на 21 секунда до крајот.

Кил игра сè подобро и во втората дерби-пресметка вечерва како гостин го совлада ПСЖ со 34:28 со што се реваншира за елиминацијата во четвртфиналето минатата сезона. Рајнкинд и Елефсен со по седум гола ја предводеа листата на стрелци кај Кил, додека најдобар кај ПСЖ беше Супжак со осум постигнати гола.

Загреб иако водеше во текот на целиот натпревар, на крајот загуби од ПИК Сегед со 27:26. Голот за победа на Пик го постигна Габер.

- Оглас -

Најнови вести