Вест хем и Брајтон ќе играат во групите на смртта во ЛЕ, Ливерпул и Рома имаат поволна ждрепка (Фото)

Попладнево во Монако беа извлечени групите за Лигата на Европа. Триесет и две екипи се распоредени во осум групи со по четири екипи, а најинтересни се А и Б групите, кои слободно може да го добијат епитетот групи на смртта.

Во група А се: Вест хем, Олимпијакос, Фрајбург и ТСЦ, додека во групата Б ќе играат: Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон и АЕК.

Екипата на Ливерпул доби поволна група и ќе игра против ЛАСК Линц, Ројал Унион и Тулус, а задоволство од ждрепката може да има и во редовите на Рома, кои ќе играат против Славија Прага, Шериф Тираспол и Сервет.

- Оглас -

Најнови вести