Вест хем пазари стопер од францускиот шампион

Тило Керер е шестото летно засилување за Вест хем. Германскиот централен дефанзивец потпиша четиригодишен договор со Чеканите, а за неговите услуги ПСЖ инкасира 12 милиони евра.

Чеканите од претходно ја надминаа границата од 100 милиони евра потрошени за нови играчи во овој преоден рок, а со потписот на Керер цифрата достигна вкупно 123,5 милиони евра.

Керер за ПСЖ запиша 128 настапи во изминатите четири години, главно влегуваше од клупата или пак учествуваше во не толку важните натпревари на францускиот првак.

- Оглас -

Најнови вести