Вест хем се пофали со ангажманот на играчот од Манчестер јунајтед кој во 2019 година имаше НУЛА голови и асистенции

Вест хем ја официјализираше позамијцата на Џеси Лингард од редовите на Манчестер јунајтед. Англискиот репрезентативец ќе ги претставува Чеканите до крајот на претстојната сезона, а во ангажманот нема опција за целосен откуп на неговиот договор.

Интересно е што официјалниот „Твитер“ профил на Вест хем навистина се пофали со овој трансфер наводно добивајќи квалитетен фудбалер кој треба да го засили составот на Дејвид Мојс, меѓутоа Лингард стана популарен во 2019 година кога во цели 365 дена немаше остварено ниту погодок, нитуа асистенција во Премиер лигата во 28 натпревари.

Оваа сезона потполно беше заборавен од страна на Оле Гунар Солскјер, па можеби во Вест хем ќе може да ја поврати формата.

- Оглас -

Најнови вести