Вестбрук достигна рекорд за кој се веруваше дека никогаш нема да биде стигнат

Расел Вестбрук беше херојот во победата на Вашингтон на гости кај Индијана во најнеизвесниот меч кој се одигра ноќеска. Волшебниците победија со 133:132 и тоа дури по продолжение од пет минути, а Вестбрук на една секунда до крајот успеа да го изблокира шутот на Ле Верт и не дозволи Индијана да се радува.

Освен блокадата за победа, Вестбрук блескаше и со 33 поени, 19 скока и 15 асистенции за нов трипл-дабл. Со овој трипл-дабл Вестбрук го достигна неверојатниот рекорд на легендарниот Оскар Робертсон кој имаше 181 трипл-дабл во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести