10.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Вестбрук од слободно фрлање ја фрли топката во бунар, па направи фаца од милион долари (Видео)

Реакцијата на Расел Вестбрук по едно утнато слободно фрлање, беше главниот момент од првиот вечерашен натпревар во НБА-лигата, во кој Вашингтон визардс го изненади Бостон селтикс со 104-91. За Волшебниците ова е само седма победа сезонава.

На Вестбрук му фалеше еден скок за да направи трипл-дабл, но иако одигра солидно, овој меч ќе го памети по големата утка од пенал-линијата. Вестбрук ја исфрли топката, а таа не стигна ниту до обрачот. Реакцијата на шокираниот Рас по овој фрлен „бунар“ стана хит, погледнете:

https://twitter.com/i/status/1361026814538256384

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести