Ветераните на Минесота на испит

Џејмс Харден (Далас маверикс – Хјустон рокитес, НБА, 00 часот)

Харден е во долга серија од 30+ поени сезонава во НБА лигата, но против Далас не успева трипати по ред да ја мине границата од 35.5 поени, колку што е во додатокот на Sport Life.

Патем треба да се внимава, бидејќи Харден има повреда на раката, иако дополнителните прегледи покажаа дека не е сериозно.

Хјустон има негативен биланс од 1-2 сезонава против Далас, Харден може ноќеска да има помала минутажа, па ќе типуваме дека ќе даде помалку од 35.5 поени.

Предлог тип: Харден < 35.5 поени (1.87)

 

Лука Дончиќ (Далас маверикс – Хјустон рокитес, НБА, 00 часот)

И Дончиќ не успева да постигне повеќе од 23.5 поени на три меча по ред против Хјустон и тоа во исклучително ефикасни натпревари.

Младата ѕвезда на Далас игра супер дебитантска сезона, тимот не е во позиција да се надева на плејоф, па малку и се форсира Словенецот во обидот тој да биде руки на годината во НБА лигата.

Сепак ќе и веруваме на традицијата и ќе типуваме под 23.5 поени за Дончиќ на дуелот со Харден и останатите кошаркари на Хјустон.

Предлог тип: < 23.5 (1.87)

 

Дерик Роуз (Минесота тимбервулфс – Њујорк никс, НБА, 01 часот)

Кај Минесота ноќеска нема да игра првиот стрелец Карл Ентони Таунс и веројатно и Ендрју Вигинс, па се отвара простор за третата ѕвезда во тимот Дерик Роуз.

Тој честопати лесно ја минува границата од 20 поени и кога тимот на Минесота е комплетен, а ноќеска против слабиот Њујорк никс уште полесно може да оди над 18.5 поени, колку што стои зад неговото име во понудата на Sport Life.

Предлог тип: Роуз > 18.5 поени (1.87)

 

Џеф Тиг (Минесота тимбервулфс – Њујорк никс, НБА, 01 часот)

Ноќеска во отсуство на Таунс и веројатно на Вигинс, ветеранот Џеф Тиг мора да помогне со поени за да се забележи победа, која на Минесота и е од големо значење во битката за пласман во плејофот. Волците се моментно на деветтото место и немаат право на кикс против аутсајдерите.

А, Њујорк никс е најслабата екипа во НБА лигата, што ја прави Минесота фаворит, иако е драстично ослабена. Тиг може да биде значаен фактор за триумф, а границата на поени не е превисока.

Предлог тип: Тиг > 12.5 (1.87)

 

Деандре Ајтон (Голден стејт вориорс – Феникс санс, НБА, 01.30 часот)

Младиот центар на Феникс е една од малкуте светли точки во мизерната сезона на Санс. Тимот му е претпоследен во НБА лигата, но 20-годишното момче од Бахамите игра прекрасна кошарка.

Ајтон е еден од најталентираните центри во најсилната лига на светот, а посебно е мотивиран против екипи од калибарот на Голден стејт.

Потврда е учинокот против актуелниот шампион, а Ајтон на четирте дуели што ги одигра против Вориорс секогаш постигнуваше над 18 поени.

Предлог тип: Ајтон > 16.5 поени (1.90)

 

 

- Оглас -

Најнови вести