Реал Мадрид не дозволи изненадување и на свој терен со 2:0 го победи Еибар. Со овој триумф, Кралскиот клуб се искачи на второто место на табелата со само три бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид, кој има и меч помалку.
Мадридскиот гигант водеше со 1:0 на полувреме со голот на Асенсио во 41 минута, а во средината на второто полувреме, малку фалеше да биде 1:1. Од една наизглед безопасна ситуација, топката беше вратена гол голманот на Реал, Тибо Куртоа, кој требаше да ја прифати.
Сепак, силниот ветер направи топката да добие друг правец и едноставно да избега од Куртоа. За среќа на Реал, голманот брзо реагираше и со клизачи старт успеа да ја стигне топката и тоа на неколку сантиметри пред таа да влезе во мрежата.
На тој начин остана 1:0, а до крајот на средбата, Реал Мадрид даде и втор погодок за сигурен триумф.