Рутинско загревање за Реал пред Ливерпул и Ел Класико (видео)

Реал Мадрид со сигурни 2-0 славеше против Ејбар во 29-тото коло во Ла Лига, па оваа победа за Кралевите беше како загревање за пеколниот распоред во наредните десетина дена, во кои треба на двапати да се пресмета со Ливерпул во ЛШ, а идниот викенд следува второто овосезонско Ел Класико против Барселона.

Реал мораше да се помачи за головите со кои ги осигураа трите бода и останаа во шампионската трка за титулата. Во првото полувреме на домаќините им беа поништени два погодоци на Бензема и Асенсио поради офсајд-позиции, додека ВАР-системот реагираше и во второто полувреме за голот на Каземиро.

Сепак, Асенсио ја искористи првата прилика по нерегуларниот гол, за да забие за 1-0 во 41-та минута со сигурна реализација. И Бензема доби шанса да се поправи, па во 73-тата минута со глава ефектно ја затресе мрежата на гостите и го постави конечниот резултат.

Реал сега е на второто место со 63 бода, еден повеќе од Барселона, односно три бода помалку од лидерот Атлетико, додека Ејбар потфрлува во борбата за опстанок во елитата.

- Оглас -

Најнови вести